(Фото) Ова се убијците на лекарот Ацо Трпковски

t

Сопружници се осомничени за убиството на 67-годишниот лекар Ацо Трповски на паркингот пред поликлиниката „Железара“ во Скопје пред две години. Трповски, кој беше општ матичен лекар од поликлиниката „Железара“, на 21 март 2024 беше пронајден мртов во неговиот автомобил со убодни рани по телото.

Error5

Обвинителството соопшти дека се обезбедени докази оти едно лице го извршило убиството, а неговата сопруга му помагала.

„На 21.03.2024 година, на паркинг простор во населбата Автокоманда, осомничениот 65-годишник со умисла го лишил од живот сега покојниот Ацо Трповски. Притоа, му помогнала 59-годишната осомничена, прикривајќи ги средствата и трагите од извршеното кривично дело. Осомничената се договорила со жртвата да се најдат на наведеното место. Кратко време откако влегла во неговиот автомобил, пристигнал осомничениот. Тој ја отворил вратата од возилото и го извлекол оштетениот, со кого започнале вербално да се расправаат. Во еден момент, осомничениот извадил нож и му нанел девет убодни рани во градите и телото од кои оштетениот починат“, соопшти Обвинителството.

Сопружниците заедно го ставиле телото на предното седиште од автомобилот. Осомничениот го одвезол до паркингот на поликлиниката „Железара“, каде го префрлил починатиот на возачкото седиште. Осомничената со средство ги избришала трагите од автомобилот, по што двајцата заминале.

Според пријавеното, убиениот бил пронајден од неговите синови, кои почнале да го бараат откако не се вратил дома од работа.

Јавниот обвинител до судијата за претходна постапка од Основниот кривичен суд Скопје достави предлог за определување мерка притвор за двајцата осомничени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Уапсени маж и жена од Кочани, во…

МВР информира дека се лишени двајца сопружници…

Над 400 оброци за граѓаните на кои…

По повод Светскиот ден на борба против…

Од употреба се повлекуваат 14 учебници за…

Националната комисија за учебници одлучи да повлече…

27-годишна скопјанка повеќе од еден месец била…

27-годишна девојка пријавила дека повеќе од еден…

На 25 октомври започнува зимското сметање на…

Зимското сметање на времето годинава започнува на…