(Фото) Одлична атмосфера и со повеќе од 5000 посетители: Прв ден на Охридскиот вински фестивал
Прв ден на Охридскиот вински фестивал.
Во одлична атмосфера и со повеќе од 5000 посетители вчера вечер на Кеј Македонија помина првиот ден од фестивалот.
Одличната македонска музика и големата палета на македонски вина донесе вистинско фестивалско уживање за присутните гости меѓу кои можеа да се забележат и голем број странски туристи.
Одличен почеток кој само ветува уште подобри два дена на вистинско уживање.
Денес на програмата се најавени настапите на Брас Брадрс, Лугер, Бекдор Бенд, како и ѕвездите на вечерта – Нокаут.

Повелете во следните два дена заедно да дегустираме преубави македонски вина и да слушаме убава македонска музика.
Од организација на Крафт Продукција и Град Охрид ве покануваат на преостанатите два фестивалски дена и уште еднаш апелираат на одговорно конзумирање и дегустираење алкохол и секако забрана за управување на моторни возила под дејство на алкохол.
Во виното е вистината, а вистината е дека Охрид конечно има своја винска приказна и фестивал за почит.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Радовишанец им се заканувал на вработени во…
СВР Струмица – ОВР Радовиш поднесе кривична…
Уапсен 39-годишник: Фатен додека подигнувал сомнителна материја…
На 06.11.2026, во 20:30 часот во Скопје…
Расте бројот на жртви во Краков: Шестмина…
Најмалку шест лица се убиени, а 16…
Хрватска за 13 години изгубила речиси 64.000…
Хрватска во изминатите 13 учебни години остана…
Трамп му нареди на Министерството за правда…
Американскиот претседател Доналд Трамп му нареди на…