(Фото) Од каде православни икони во Вестминстерската опатија?

t

Погребот на британската кралица Елизабета Втора и богослужбата што се одржа по тој повод во Вестминстерската опатија, денеска преку телевизија во живо го следеа стотици милиони луѓе, а на многумина од православните земји им падна во очи на еден многу необичен детал. Камерите кои ја снимија богослужбата во Опатија, покрај достоинствениците кои присуствуваа, ја забележаа и сета убавина и раскош на нејзината внатрешност. Во еден момент камерата се префрли и над православните икони, на што гледачите се прашуваа од каде вакво иконописување во црква од сосема друга вероисповед.

Тоа е понов потег, поточно од почетокот на 1990-тите. Оттогаш оваа црква е украсена со две икони од рускиот иконописец Сергеј Федоров. Имено, од левата и десната страна на столбовите се гледаат две големи православни икони на Спасителот и Богородица, кои се таму од 1994 година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Десетици древни православни икони од Украина прошверцувани…

Древни православни икони од Украина биле прошверцувани…

Македонските експерти вратија 20 украдени икони во…

Професионалноста, стручноста, умешноста и синхронизираноста меѓу политичката,…

Уште 37 икони ќе бидат вратени од…

Министерката за култура, Бисера Костадиновска Стојчевска во…

Албанија ќе ѝ врати на Македонија незаконски…

Незаконски изнесени икони од Македонија кои завршиле…

(Фото) Од каде православни икони во Вестминстерската…

Погребот на британската кралица Елизабета Втора и…