(Фото) Општина Кисела Вода даруваше пакетчиња на дечињата од ЈДГ 8 Март
Претседателот на Советот на Општина Кисела Вода, Иван Живковски, со претставници од општинската администрација, денес беше во градинката “8 Март”, објект “Пржино”, каде на сите дечиња им беа доделени пакетчиња, како донација од Општина Кисела Вода. Децата се претставија со приредба насловена “Новогодишна приказна”, а пакетчињата им ги делеше Дедо Мраз.



– Присуствувавме на една преубава, весела детска приредба во градинката во Пржино и голема е моето задоволство што Општина Кисела Вода даде свој влог во оваа искрена детска среќа. Денес доделените пакетчиња се дел од донацијата од преку 2000 пакетчиња за сите деца од градинките, за децата со посебни потреби и децата од социјално-ранливите категории. Во пресрет на Нова година, како раководство на општината, се потрудивме да создадеме убаво расположение кај што поголем број на дечиња и сакам да најавам дека останатите пакетчиња ќе ги поделиме во сабота, во паркот Шопен, на Новогодишниот хуманитарен базар кој освен за најмладите, ќе понуди содржини и за нивните родители, баби и дедовци. Се надевам дека сите заедно ќе го креираме новогодишното расположение во општина Кисела Вода-изјави претсетаделот на Советот, Живковски, кој од дечињата од градинката доби честитка и нивни изработки.



ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…