(Фото) Пак им прскале низ воздухот – Бугарските медиуми “добрососедски” провоцираат: Гоце и Даме биле бугарски револуционери

t

Додека во Македонија за Фејсбук статус се повикуваат луѓе на разговор во полициска станица, во Бугарија медиумите слободно си ја шират државната пропаганда дека се е бугарско, од првиот жив микроорганизам создаден на планетата, преку македонската историја (средновековна, востанијата, МРО, револуционерите) до денешните Македонци за кои тврдат дека сме титова творба.

БГНЕС објави фотографии од споменици низ Софија, на “истакнати бугарски дејци” меѓу кои секако се најдоа и Гоце Делчев и Даме Груев.

И Гоце и Даме се опишани како бугарски револуционери.

Сепак скромно, застанаа само на овие два македонски револуционери. Бугарија не презема ништо во врска со ваквите “испади” на поединци, медиуми, но и функционери и политички партии.

Во меѓувреме македонските власти и МНР велат дека ваквите провокации не треба да се дозволи да влијаат на добрососедските односи на државите.

Останува на Македонците сами да си ја учат и паметат историјата, додека ја има ваква каква што е, затоа што не заборавајте дека ќе има ревизија на учебниците по историја, а пооа и промени на истите.

И најважно од се, кој што и да пишува, остануваат фактите и свеста на Македонците, не само од денешната територија на Македонија, туку и етничките Македонци во Пиринска и Егејска Македонија, кои знаеме дека и Гоце и Даме и останатите избугарени ликови се само големи македонски синови!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

18-километарска колона од камиони на бугарскиот граничен…

Втор ден сообраќајот околу граничниот премин „Капитан…

(Видео) Луѓе се затворија во кафез пред…

Протестна акција, во која доброволци деноноќно ќе…

Радев: Целосно забрануваме рекламирање на игри на…

„Воведуваме целосна забрана за рекламирање на игри…

Бугарија врати над два тони кисело млеко…

Бугарските власти не дозволиле влез на пратка…

Радев најави американски инвестиции во Бугарија за…

„Го прекинавме влијанието на олигархијата врз власта.…