Објавено на:

(Фото) Пандев со еден збор го опиша македонското чудо во Палермо

t

Горан Пандев им испрати порака за поддршка на македонските фудбалери на неколку часа пред мечот во Палермо, кој на крајот се покажа како нов историски момент за фудбалот во нашата земја со оглед на успехот кој го остваривме.

Иако избраниците на Благоја Милевски беа подредени во најголем дел од мечот, братското заедништвото и пожртвуваноста направија да останат во игра до судиското надополнување, во кое следеше вистински шок за фаворизираната Италија.

Александар Трајковски одново беше „џелатот“ на „аѕурите“ како и пред пет години во Торино, но овојпат со својот гол ги остави без шанса за мундија, додека Македонија во големото бараж финале ќе брка Светско првенство против селекцијата на Португалија.

Македонија со оваа победа во Италија одново докажа дека има историска и златна генерација, од која воодушевен е и поранешниот капитен Пандев.

Гоче со еден збор го опиша чудото на „Ренцо Барбера“ и своите соиграчи ги нарече ХЕРОИ!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Последен пат го направи ова денот кога…

Руското Министерство за надворешни работи повторно им…

Остар пад на Волстрит: Се избриша постизборниот…

Американските берзи забележаа силен пад во четвртокот,…

Сиљановска-Давкова во Брисел се сретна со амбасадорите…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари работна средба со амбасадорите…

Барнам: Путин нема да биде поканет на…

Британскиот премиер Енди Барнам изјави дека рускиот…

Јанев за трагедијата во Богданци: МВР реагираше…

Со цел да не се шират шпекулации…