Објавено на:

(Фото) Паника на Халкидики: Жена касната од опасната риба-зајак

t

Инцидент на една од најпосетените плажи на Халкидики предизвика загриженост кај туристите, откако жена беше касната од риба-зајак додека влегувала во морето во Пефкохори. Таа веднаш побарала медицинска помош, а по укажаната терапија е во стабилна состојба.

Жената раскажала дека водата ѝ била само до колена кога одеднаш почувствувала силен стисок и остра болка во ногата. Кога погледнала надолу, видела голема риба која цврсто ја држела за зглобот. Таа успеала да се ослободи дури откако панично почнала да ја тресе ногата, по што веднаш излегла од морето.

Нејзините пријатели веднаш ѝ помогнале да го запрат крварењето, а потоа била пренесена во локалниот здравствен центар. Лекарите ѝ ја исчистиле раната, примила антитетанусна заштита и антибиотска терапија. Според нејзината изјава, рибата оставила длабока рана на зглобот, но за среќа каснувањето било над коска, па не дошло до посериозно оштетување на мекото ткиво.

Риба-зајак е инвазивен вид кој во последните години сè почесто се среќава во грчките води. Позната е по исклучително силните заби, со кои може да нанесе сериозни повреди, а одредени делови од нејзиното тело содржат токсини. Поради тоа, грчкиот Црвен крст претходно издаде предупредување до капачите да бидат внимателни доколку забележат ваква риба во плитките води.

Иако ваквите напади се ретки, експертите советуваат туристите да бидат внимателни при влегување во морето и, доколку дојде до каснување, веднаш да побараат медицинска помош.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Убиена пензионерка во Ѓорче Петров

Во скопската населба Ѓорче Петров утринава била…

Јотова одби интервју за Си-Ен-Ен, Ѓуров зборуваше…

Кандидатката за нов претседателски мандат Илијана Јотова…

Серафимовски: Очекуваме просечната откупна цена на тутунот…

Просечната откупна цена на тутунот од годинешната…

Излезноста во Израел достигна 16,7 отсто до…

Излезноста на парламентарните избори во Израел достигна…

(Видео) Торнадо во Анталија усмрти четворица градежни…

Најмалку четворица градежни работници загинаа, а петтиот…