(Фото) Паричката кај Ведран: Градоначалникот на Скопје објави бадниково селфи
Божјиот благослов оваа година кај Ведран.
Жив и здрав да си, сине!, напиша на социјалните мрежи градоначалникот на Град Скопје Орце Ѓорѓиевски. Тој на граѓаните им го честиташе големиот христијански празник.
Бадник, вечер исполнета со вера, љубов и семејна топлина.
На здравје и благословена Бадниковата вечера на сите.
Нека Бог ве дарува само со убавини, мир и бериќет.
Бадник е светата традиција што нè собира околу трпезата и срцата, место каде што владеат хармонијата, љубовта и спокојот.
Моменти тивки, а непроценливи.
Моменти што се паметат и се пренесуваат од поколение на поколение.
Оваа година, радоста е уште поголема, затоа што среќен пронаоѓач на паричката беше нашиот Ведран.
За нас, тоа е најголемиот благослов.
Да нè чува и заштитува Бог сите, денес и секогаш.
Ви посакуваме многу љубов, здравје и бериќет во секој дом.
На здравје и од Бога благословена Бадникова вечер.
Семејство Ѓорѓиевски, стои во објавата на градоначалникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
И реките Тополка и Бабуна загадени, не…
Најновите анализи што ги изврши Центарот за…
(Видео) Трамп се пофали дека го нарекувале…
Американскиот претседател Доналд Трамп доживеа незгоден момент…
„Не сум против фрлање јајца, за дијалог…
Лидерот на Самоопределување и вршител на должноста…
Германија го заострува ставот за мигрантите, бара…
Германија го заострува ставот кон враќањето на…
Тешка сообраќајна несреќа кај Козјак: седуммина завршија…
Седум лица се повредени, од кои едно…