(Фото) Патот Берово – Струмица разубавен со мурал на Даме Груев
Мурал со ликот на револуционерот Даме Груев отсега ќе го краси еден од потпорните ѕидовите на регионалниот пат Берово – Струмица. Изработката е дело на графитчии од Берово, кои подолги време се занимаат со оваа уметност, а главни карактеристики и теми на нивните уметнички изработки се базираат на патриотизмот, љубовта кон татковината и емпатијата на градот Берово.
Со ова сакаме да испратиме порака за почитување на нашите херои и вредности кои се од исконско значење и треба секој да ги вреднува. Како млади уметници сакаме да искажеме почит кон нашите историски вредности и личности и да ги вреднуваме нивните дела. Ова е само еден мал дел за почит кон нив, а ликот на нашиот херој Даме Груев го овековечивме за да сведочи како личност која е од огромно значење за Берово, Малешевијата и за целата држава, велат беровските уметници за нивното дело.
Тие најавуваат дека и во иднина ќе презентираат вакви дела за достоинството и делата на македонските херои.
Воедно сакаме да изразиме и револт спрема моменталната ситуација со форсирање на турбо фолкот и кичот во Берово и сите други места во Македонија, кој ја уништи чаршијата и самиот град. Се спротивставуваме на погрешните вредности на рѓосани странски и секакви култури кои ни се наметнуваат, додаваат беровските графитчии.
Тие апелираат секогаш предизвик за младите да биде богата македонска култура и традиција, која посебно помеѓу младите е заборавена.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Бугарија стана светски лидер во складирање струја…
За помалку од две години, Бугарија стана…
Се запали стан во Скопје, 11-годишно девојче…
Единаесетгодишно девојче вчера било пренесено во Комплексот…
Советот на Европа прими 195.000 барања за…
Регистарот на штети во Украина, отворен поради…
(Видео) Сателитски снимки покажуваат голем облак чад…
Голем облак чад е забележан над нафтениот…
Америка ја продолжи лиценцата за НИС до…
Канцеларијата за контрола на странски средства при…