(Фото) Пациент од Охрид со владиниот авион пренесен во Берлин – ќе му се трансплантира срце

t

Пациентот Д. Н. од Охрид, кој се соочува со тешка срцева болест, со владиниот авион е транспортиран во Универзитетскиот клинички центар во Берлин, Германија, информираат владини извори на денешниот брифинг .

„Пациентот претходно подолго време се лекувал на Клиниката за кардиохирургија и бил квалификуван за трансплантација на срце. Поради влошување на неговата здравствена состојба и потребата од итен третман, а поради недостаток на соодветен донор во земјава, итно е покрената постапка за лекување во странство.

Транспортот е реализиран преку Фондот за здравствено осигурување (ФЗО) и со поддршка од Министерството за здравство.

Германскиот медицински центар го прифати пациентот за стабилизација и подготовка за оперативниот зафат, каде што сега се чека појавувања на соодветен донор за да се изврши трансплантацијата на срце“, посочуваат владини извори на денешниот брифинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За да нема голем ценовен скок на…

Владата ќе настојува струјата за македонските граѓани…

Вучиќ: Целосно би ги игнорирал претседателските избори

Поранешниот претседател и носител на листата на…

НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…

НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…

Тешко повредена 32-годишна скопјанка, се обидувала да…

32-годишна жена од Скопје се здобила со…