(Фото)Повреден ловец е безбедно евакуиран и со хеликоптер пренесен во Ургентниот центар!

t

„Докторката, која е на лице место во непристапниот терен не извести дека повреденото лице е безбедно евакуирано и со хеликоптер се транспортира на Ургентниот центар за понатамошна постапка во Скопје“ – е денешната утринска порака од дежурниот тим на Единствениот број на итни случаи 112 во Центарот за управување со кризи до директорот на ЦУК, Стојанче Ангелов, по којашто малку се здивнува ако дозволи ситуацијата при дежурството, а недела е… Спасителната акција за хеликоптерскиот транспорт на повредениот ловец од планината до болница е извршена.

Сите ангажирани од Системот за управување со кризи и ловците реагирале добро и според најдобрите можности што ги имале при итната ситуација на непристапниот терен. Во тоа време, граѓаните во Скопје само го слушаа звукот хеликоптерот како прелетува од запад кон исток и потоа, за кратко, повторно се враќа помеѓу 10 и 11 часот. Се уште информацијата за драматитичното и брзо спасување на повредениот ловец во реон на ловниот терен кај скопското село Буковиќ, не беше позната во јавноста, при што со нејзиното запознавање преку медиумите се овозможува да бидат и граѓаните и припадниците на Системот за управување со кризи да се запознаат со искуствата при итни ситуации што спасуваат животи и да бидат уште подобри при спасителни акции кога се работи за помагање во животозагрозувачки ситуации и реакција при вакви случаи на спасителни акции.

Конкретно, денешниот ден, недела (17.12.2023), прекрасен зимски ден исполнет со сонце и снег по планините, многу убав за планинарски, а и ловни прошетки, бил кобен за искусниот ловец Г.Ј., но за среќа со среќна завршница. Тој, толку пати го поминал во својата долга ловечка кариера висиокиот планински терен при лов на диви свињи, во реонот на село Буковиќ каде што при мало случајно невнимание паднал во длабок дол со карпи ја крши десната нога, во пределот на потколеницата до долниот зглоб, на многу непристапен терен. Не ја соблекол чизмата, за да ја држи постабилна скршеницата и веднаш ги побарал ловечките другари кои биле „распрскани“ околу него на теренот при планираниот лов на диви свињи. Веднаш дошле до другарот. Повредата била опасна, а теренот непристапен. Веќе поминало 08.00 часот. Веднаш се јавиле на 112 во ЦУК – и Системот за управување со кризи за спасување е покренат. Медицинската екипа стигнува многу брзо до местото, според податоците за 20-ина минути, но голем висок планински дол е прооден само за искусни планинари и ловци. Имале околу 200 метри до повредениот ловец со скршеница, а не можеле да стигнат до него. Телефонски, медицинскиот тим од Итната медицинска помош давала совети, а ловците ги спроведувале. Го грееле за да не добие хипотермија повредениот, со запалени огнови, ја имобилизирале повредената нога, а потоа го извлекле до попристапно место. Паралелно, дежурните од 112 во ЦУК, побарале хеликоптер на што од МВР, веднаш е одговорено. Во паралелна комуникација меѓу ЦУК, МВР и Итната медицинска помош ловците, по извлекувањето на повредениот на попристапно место, почнале да ги сечат високите гранки и грмушки за да може поблизу да пристпи хеликоптерот „бел“ 212 на Хеликоптерската единица на МВР. Ловечките „фосфорно“ портокалови елеци ги употребиле како маркери за побрзо лоцирање од страна на пилотите кои пристапиле од воздух. Сите координирано ги извршиле постапките за што побрзо, а за оптимално спасување и транспортирање на повредениот до болница за натамошна постапка. Инаку, хеликоптерот „бел“ 212, бил за првпат опремен со медицинска опрема и требало да појде на симулациска вежба во Битола, а судбината „го повикала“ првиот лет со спасителната опрема да го реализира во реална ситуација. Оваа опрема овозможува на храбрите припадници на Хеликоптерската единица во МВР да бидат уште подобри при вакви специфични спасителни акции на повредени од непристапни терени. Повредениот при донесувањето во болница е пречекан од сите тие што требало да бидат на симулацијата за промовирање на опремениот хеликоптер со спаситлна опрема. Денеска, наместо промоција, спасителите веднаш отидоа во спасителна акција.

На крај, пренесените вакви искуства преку медиумите, од специфични спасителни акции на непристапни терени, овозможуваат да се подигне и одржува колективната безбедност и да се спасуваат луѓе при животозагрозувачки ситуации и други итни случаи.
Може да се констатира дека, токму на многу тешко пристапни места, е прекрасна планинската убавина, но истовремено и немилосрдна и сурова при секое невнимание на посетители. Колку и да се познава, секогош крие мали скриени опасности што може да предизвикаат големи проблеми, ако по игра на случај тие мали опасности „се вкусат“, конкретно предизвикаат ненадеен несреќен случај кога се престојува во прекрасната природа на нашата држава. Тогаш е потребна присебност, во прв момент да се самопогне, сам, или со помош на други присутни случајни или не посетители на истото место, па да се побара 112 во ЦУК… и Системот се активира за спасување на повредениот согласно специфичноста на пријавениот итен случај. – соопштија од ЦУК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Од 12:00 до 16:00 часот ќе се…

Во реон на автопатот A2 Кичево-Охрид, што…

Нападнат малолетник во Центар

На 05.04.2024 во 23:30 часот во СВР…

Семејно насилство во Центар: 67-годишната мајка ја…

Денеска во 02.40 часот во СВР Скопје,…

Македонките се мажат најмлади во регионот, на…

Жените во Македонија најмлади стапуваат во брак…

ЦУК: 22 пожари на отворено во последното…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…