Објавено на:

(Фото) Пожарот во делчевското село Очипала ставен под контрола: Апел за внимателно движење низ шумите

t

Ставен под контрола пожарот кај месноста Ралова Чука во делчевското село Очипала. Пожарникарот Миле Тодоровски информираше дека екипи на ТППЕ Делчево остануваат на терен, бидејки депонијата за градежен шут, која се наоѓа на споменатата локација, и понатаму е подложна на самозапалување, поради различните видови градежен материјал што се наоѓа во нејзината внатрешност.

-Пожарот е ставен под контрола, но не е изгаснат целосно. Ние интервениравме со три противпожарни возила и со помош на машини на Јавното комунално претпријатие ,,Брегалница”, направени се појаси за да не се прошири во околната борова шума, вели Тодоровски.

Тој додаде дека опасноста од проширување е присутна во секој момент заради што се дежура од екипи на ТППЕ Делчево.

-Таму има многу горлив материјал што тешко може да се угаси со вода. Поради тоа што пред два дена имавме и пожар во Разловци кој зафати борова и дабова шума, апелот е внимателно движење во шума, бидејќи има и забрана за движење, да не се фрлаат догорчиња од цигари и граѓаните да бидат крајно внимателни, за да не ни се случат пожарите од минатата година, додаде Тодоровски.

Пожарот кај Ралова Чука засега нема зафатено дрвна маса, а очекувањата на ТППЕ Делчево се дека најдоцна до утре пожарот целосно ќе биде изгаснат.

(Фото) Делчево 365

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Изгоре угостителски објект на државниот правобранител Речи…

Пожар рано изутринава избувна во угостителски објект…

(Фото) Голем пожар над Кондово!

Голем пожар гори над Кондово. Пожарот е…

Забрана за тешки товарни возила на правецот…

Од ЈП јавно претпријатие за одржување и…

Пожар во Нови Сад: Пожарникарите се борат…

Попладнево на улицата „Фрушкогорска“ во Нови Сад…

Хорор во Делчево: Силувано 15-годишно девојче!

На 07.12.2023 полициски службеници од Полициската станица…