(Фото) Пожар меѓу Гевгелија и Богданци се заканува да ги зафати ветерниците – ќе се интервенира од воздух!

t

Од Центарот за управување со кризи јавуваат дека денеска, после пладне, беа пријавени неколку пожари на територијата на државата на отворен простород којшто поспецифичен, според проширувањето, е пожарот за којшто известува Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Струмица.

Тој започнал како пожар во поле, а подоцна се проширен во шума на место викано Погана помеѓу Гевгелија и Богданци. Во гаснењето на пожарот првично интервенирале 12 пожарникари со 4 пртивпожарни ПП возила од ТППЕ Гевгелија и 4 лица од Национални шуми подружница Гевгелија.

Потоа на помош дошле од Општина Богданци, а и мештаните се вклучиле. Пожарот, заради метеоролошките услови со ветер и теренските услови – непристапност и густа тнеста вегетација, локално позната како прнар, се проширил во обем за загрозување на пумната станица за вода Ѓавато за Дојранско Езеро и просторот под големите ветерници во таа околина, а и за селото Ѓавато.

Затоа е побарано противпожарна помош за дејство од воздух, поточно да се активира еден хеликоптер за гаснење на непристапните места, што во моментот се остварува согласно стандардните оперативни процедури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Официјално: Костадинов извести дека Струмица ја напушта…

Градоначалникот на Општина Струмица, Костадин Костадинов, денеска…

Струмички „Комуналец“ објави 16 анализи: Водата за…

ЈПКД „Комуналец“ – Струмица објави 16 микрообилошки…

АХВ со нови мерки за водата во…

Инспекциските служби на Агенцијата за храна и…

Струмица стана првата општина на Балканот која…

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска во…

Според МВР 14-годишник го предизвикал пожарот во…

На 06.09.2024 СВР Скопје до ОЈО Скопје…