(Фото) Поставени нови заштитни столобови на градските сообраќајници за безбедност на пешаците и спречување на непрописно паркирање на возилата

t

По налог на Град Скопје екипи на ЈП „Улици и патишта“ Скопје изминативе денови поставија над 100 заштитни столобови на булеварот Гоце Делчев, булеварот Трета Македоска Бригада, улицата 11-ти Октомври и на улицата Димитрие Чуповски.

На истите локации се санирани и постојаните заштитни столобчиња, кои беа оштетени од несовесни граѓани се со цел одржување на безбедноста на пешаците и велосипедистите и за спречување на непрописното паркирање на возилата.

Денес екипите на Улици и патишта продолжуваат со поставување на заштитни столбчиња на останатите улици каде што има потреба од нивната функција, а во текот на наредниот период како дел од тековните активности на претпријатието паралелно продолжуваат активностите за одржувањето на сообраќајната опрема и сигнализација на градските улици и булевари.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

За да нема голем ценовен скок на…

Владата ќе настојува струјата за македонските граѓани…

Вучиќ: Целосно би ги игнорирал претседателските избори

Поранешниот претседател и носител на листата на…

НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…

НБРМ поднесе кривични пријави за ширењето паника…

Тешко повредена 32-годишна скопјанка, се обидувала да…

32-годишна жена од Скопје се здобила со…