(Фото) По трагедијата градежна мехнизација повторно вози среде улица – Има ли оваа држава полиција?!
По големата трагедија која што се случи на булеварот Јордан Мијалков во која едно лице го загуби својот живот продолжува дивеењето на градежните парцели кај Лимак

Денеска во најголемиот сообраќаен шпиц е забележано како градежна мехнизација без никаква придружба и спротивно на сите закони и правила се движи среде булеварот Св. Климент Охридски во близина на трговскиот центар Рамстор.

Прашањето кое се поставува е зошто полицијата не реагира при ваквото дивеење иако објектите кои се градат се на само неколку метри од министерството за внатрешни работи.
Дали треба повторно да се случи трагедија за некој да реагира?
Само пред две недели се случи голема трагедија во Скопје. Жена го загуби животот откако беше прегазена од градежна машина. Трагедијата се случила на улицата „Јордан Мијалков“ каде багер ја прегазил несреќната жена среде пешачки премин.

На оваа улица во центарот на градот во моментов е активно градилиштето на „Лимак“ за изградба на комплексот „Дајмонд“.
Судот ги прифати мерките за претпазливост предложени од Основното јавно обвинителство Скопје, за 42-годишникот кој е осомничен дека вчера на улицата „Јордан Мијалков“, управувал мобилна машина „лиебхерр“ без да се придржува кон прописите на јавниот сообраќај и го довел во опасност животот на луѓето.
– На обележан пешачки премин, со машината удрил во телото на една жена – пешак, која од ударот се здобила со тешки телесни повреди и починала, се појаснува во соопштението на Обвинителството.
ОЈО Скопје донесе наредба за спроведување истражна постапка против лицето, за кое постои основано сомнение дека сторило – тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, според член 300 став 2 во врска со член 297 став 1 од Кривичниот законик.
– За да го обезбеди присуството на осомничениот и непреченото водење на постапката јавниот обвинител до судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје поднесе предлог за определување мерки на претпазливост – забрана за напуштање на живеалиште, обврска повремено да се јавува кај определено службено лице или надлежен државен орган, привремено одземање на патната исправа и на возачката дозвола, како и привремена забрана да презема определени работни активности кои се поврзани со кривичното дело, информираше претходно Обвинителството.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…