(Фото) Претрес во Велес – пронајдени халуциногени печурки, марихуана..
Денеска (05.04.2023) полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција-Сектор за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи и СВР Велес- Отсек за недозволена трговија со дрога и оружје, по претходно добиени сознанија и добиена судска наредба, извршија претрес во дом на М.П. (27) од Велес.

При претресот се пронајдени халуциногени печурки, пакувања со марихуана и шприц со хашиш смола. Дополнително е извршен претрес во куќа која М.П. ја користел, при што се пронајдени банкарски картички, документи со евиденции за продажба на дрога, лап топ компјутери… М.П. е лишен од слобода во СВР Велес и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена кривична пријава до ОЈО Велес.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Извештај на „Ал Мада“: Сценарија за американски…
Ирачкиот премиер Али ал Заиди им соопштил…
РУБИО СО ОСТРИ КРИТИКИ КОН ИРАН: Преговорите…
Американскиот државен секретар Марко Рубио упати остри…
АМЕРИКА ГО ПОДГОТВУВА ИЗРАЕЛ ЗА ТРЕТ БРАН…
Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) испратила порака до…
(Видео) ОГРОМЕН ПОЖАР ВО НАЈГОЛЕМОТО ГАСНО НАОЃАЛИШТЕ…
Силен пожар избувна вечерва во гасното наоѓалиште…
ТРАГЕДИЈА ВО ЕГИПЕТ: Седум загинати и над…
Најмалку седум лица загинаа, а повеќе од…