(Фото) Претседателката оствари средба со поглаварите и претставниците на верските заедници
Претседателката Гордана Силјановска Давкова денеска ги прими поглаварите и претставниците на верските заедници наведени во Уставот: поглаварот на Македонската православна црква – Охридска архиепископија г.г. Стефан, поглаварот на Исламската Верска Заедница, Реис ул Улема Хаџи Шаќир ефенди Фетаи, поглаварот на Католичката црква, Скопски бискуп и епарх струмичко – скопски, Киро Стојанов, суперинтендентот на Евангелско – методистичката црква, Марјан Димов, претседателот на Еврејската заедница, Пепо Леви, како и директорот на Комисијата за односи со верските заедници и религиозни групи, Даријан Сотировски.
На средбата претседателката се заблагодари за упатените честитки по повод нејзиното стапување на функцијата.
Претседателката Силјановска Давкова ја изрази својата подготвеност за соработка со сите верски заедници и религиозни групи во државата, во интерес на меѓусебното разбирање и почит.

Претседателката ја истакна важноста на верските заедници во негувањето на соживотот, како важен предуслов за просперитетот и напредокот на државата и изрази увереност дека верските заедници ќе продолжат да даваат активен придонес во напорите за одржување и натамошен развој на добрите меѓуверски односи.
Таа ја поздрави работата на Комисијата за односи со верските заедници и религиозните групи и придонесот во градењето на доверба и соработка меѓу верските заедници и религиозни групи, заштита на секуларниот карактер на државата и унапредување на верските слободи и права на граѓаните.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
(Фото) Автомобил се преврте на Стража
Снег синоќа паѓаше на повеќе места низ…
(Фото) Патиштата проодни и чисти, укинати забрани…
Јавното претпријатие за одржување и заштита на…
Јанаки: Маносфера, Ендру Тејт wannabe мажиња кои…
Синоќа на скопските клиники, во животно загрозувачка…
Ѓорѓиевски: Скопјани ќе имаат единствена голема прослава…
Орце Ѓорѓиевски, градоначалник на Град Скопје, во…
Балканот зафатен од снег и ветер, во…
Повеќе делови од Балканот денеска се зафатени…