(Фото) Претседателот на младите Левица и покрај заканите пак се фотографираше во Чаир!

t

Ги поставуваме имињата на загинатите партизани од Втората Македонска Ударна Бригада, поминува Чаирчанец – Албанец, во зрели години, подзастана со неговиот велосипед да види што правиме…брзо чактиса што и зошто правиме, и направи една чудна гримаса, на разочарување и восхит…

Потоа кратко ни дофрли…Вели, дедовците мои беа партизани, се бореа во Кичевско, едниот загина за жал, едниот прежиева..Само напред момчиња рече и си замина…

На момент си помислив, како успеавме од тоа да стигнеме до ова денес? Зошто сака некој да го избрише историското минато каде што Албанците и Македонците рамо до рамо се бореле против окупаторот? Кому му смета соживотот на Албанците и Македонците? Па на терористичкото крило на УЧК, се разбира…Тие сонуваат за Голема Албанија…
Уште долго ќе го паметам тој поглед од вчера…Додека не се избориме за подобрите времиња, а ќе се избориме и ќе победиме!

#ЧаирЕЧестоДосадноМесто

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Блокот на Ајзенкот го доби првото гласање…

Политичкиот блок предводен од Гади Ајзенкот го…

Нафтата поскапе откако Иран порача дека ќе…

Цените на нафтата пораснаа за околу два…

Претставничкиот дом ја блокираше иницијативата за импичмент…

Американскиот Претставнички дом ја запре иницијативата за…

Пораст на измами за сообраќајни прекршоци, МВР…

Министерството за внатрешни работи ја информира јавноста…