(Фото) Приведени 3 лица: Запленети над 6000 пиротехнички средства во Прилеп

t

Полициски службеници од Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп и Полициска станица Прилеп, денес постапувајќи по планот за откривање и санкционирање на продажба на пиротехнички средства, со судска наредба извршиле претрес во магацински простор од продавница, сопственост на М.К.(64), при што пронашле и заплениле околу 5.000 парчиња пиротехнички средства.

Лицето е лишено од слобода и против него ќе биде поднесена кривична пријава.

Исто така, од импровизирана тезга во Градскиот пазар одземени се уште 1.000 парчиња пиротехнички средства, наменети за продажба за новогодишните празници, а А.В.(39) и А.О.(21) се лишени од слобода и против нив ќе бидат поднесени кривични пријави.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

22-годишник од Дебарско пријавен за вонбрачен живот…

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Ц.(22)…

Мајка донела пакет за синот во „Идризово“,…

При редовна проверка на пакет во затворот…

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно…

Во изминатото деноноќие, на територија на целата…

Тинејџер од Кочани украл електричен тротинет, па…

На 06.11.2026 во 19:00 часот во Скопје,…