(Фото) Продолжува изградбата на нови улици во општина Ѓорче Петров – 5 улици во Кисела Јабука за првпат добија асфалт
Екипите на ЈП Улици и патишта деновиве целосно асфалтираа пет улици во населеното место Кисела Јабука во општина Ѓорче Петров. Асфалтирани се улиците 46, 46А, 68, 4 и 6.
Од Град Скопје информираат дека станува збор за улици кои досега не биле асфалтирани, односно за првпат се асфалтираат на барање на граѓаните да добијат улици и услови какви што заслужуваат.
Во рамките на тековните градежни активности, асфалтирана е вкупна површина од 2470 квадратни метри, а употребена е околу 400 тони асфалтна маса.
Градежните активности за асфалтирање на останатите локални улици во населените места Волково, Кисела Јабука, Даме Груев, Ново Село и Стопански Двор се одвиваат со забрзана динамика. Во овие пет населени места во општина Ѓорче Петров се гради нова патна инфраструктура со вкупна должина од околу 5 километри.
Градот Скопје за оваа меѓуопштинска соработка одвојува 4 милиони денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Одамна заслуживме да бидеме во ЕУ, но…
Досието на Македонија е многу сложено, но…
Мицкоски од Самитот во Црна Гора: Очекувам…
Премиерот Христијан Мицкоски очекува силни пораки за…
Македонија со седум борачи на Светското првенство…
На предстојното сениорско Светско првенство во борење,…
ВЛЕН: ММФ и Светската банка ги зголемуваат…
ММФ и Светската банка ги зголемуваат прогнозите,…
ЗНМ реагира на заканувачка содржина насочена кон…
Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) изразува…