(Фото) Протест пред српската амбасада во Тирана

t

Пред Амбасадата на Србија во Тирана денеска одржан беше протест организиран од граѓански организации.

Учесниците со национални симболи, вееја албански знамиња и носеа транспаренти на кои меѓу другото пишуваше „Животот го даваме, Митровица не” , „Сите албански територии се со тебе Косово”, „Трепча и Газивода се имот на Косово”, „Не Република Српска во Косово”, а извикуваа „Албанија-Косово”.

Говорниците ја повикаа Србија да ги „тргне рацете од Косово“, а од албанските власти побараа да не ја поддржуваат Србија.

Исто така, ги повикаа Европската Унија и САД одговорно да се справат со прашањето Србија-Косово.

– Долго време нормалниот живот на граѓаните на северот на Косово е парализиран. Граѓаните живеат под воената треска. ЕУ и САД одговорно да го третираат прашањето Србија-Косово. Србија спроведуваше геноцид. Овде сме обединети, да не дозволиме Србија да го прави законот за албанските територии, порачаа тие.

Ова е втор протест пред српската амбасада во Тирана, по оној од 16 месецов. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Речиси 3 недели екстремна топлина во Франција,…

Франција регистрираше околу 1.243 смртни случаи повеќе…

Израел нападна полициска станица во Газа –…

ХАМАС денес го обвини израелскиот премиер Бенјамин…

Новак: Поради украинските напади врз рафинериите, Русија…

Русија почна да увезува горива за домашниот…

Скопски пожарникари се приклучија во гаснењето на…

Конвој на Противпожарната бригада на Град Скопје…

Македонците го одбележаа Преображение во црквата во…

Македонците по потекло од  селото Ербеле, областа…