Објавено на:

(Фото) Работниците се дигнаа пред Собрание – Упатија барања до новата Влада

t

Работниците во голем број се дигнаа на протестот денес во Скопје. Бараат неколку услови директно од новата Влада на Македонија.

Пораст на платите во приватниот и во јавниот сектор, минимална плата во износ од најмалку 450 евра во првите 100 дена од новата влада, исплата на трошоците за храна во висина од 20 проценти од просечната плата и исплата на трошоците за превоз, се дел од барањата што денеска Сојузот на синдикати ги испорача на протестот организиран по повод Меѓународниот ден на трудот.

Синдикатот бара и ограничување на работата на определено време во исклучителни околности и на максимум една година, право на неработна сабота и зголемена контрола на прекувремената работа, намалување на полното работно време на 35-часовна работна недела и укинување на 72-часовната работна недела на стратешките проекти.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Средба Сиљановска-Давкова и Славески: Економијата е стабилна,…

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со гувернерот…

Вработен во МВР возел без возачка и…

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и…

ЦУК: Чадот над Скопје доаѓа од пожарот…

Зачаденоста што попладнево е забележлива во Скопје…

Цело Скопје мириса на чад, реагираат граѓани…

Повеќе од два часа главниот град е…