(Фото) Радовишани не знаат каде им е елката, градоначалникот не платил?
По реакцијата на граѓаните од Радовиш на социјалните мрежи дека преку ноќ некој им ја однел новогодишната елка поставена на плоштадот во центарот заедно со украсите во градот, се уште не е познато дали некој ја украл или истата е однесена од фирмата задолжена за украсување на градот поради не исплатени средства, пренесува Слободен Печат.
Во насока да се разјасни мистеријата, кој на Радовишани им ја однел новогодишната елка, „Слободен печат“ стапи во телефонски контакт со општинските власти и ги праша каде е елката од централното градско подрачје. Со дрзок и непрофесионален однос, вработена во општината која на почетокот ни се престави како лице за односи со јавност на градоначалникот Ацо Ристов кратко ни кажа дека елката не е украдена и Радовишани ќе добијат нова.

– Не сум одговорна да ви одговорам на вашето прашање, но информацијата дека елката е украдена и ја нема не ви е точна. Грешка сте дека е украдена. Радовиш ќе има нова елка наскоро – кратко ни одговори вработената во општината која ни ја спушти слушалката без притоа да ни се престави и го каже нејзиното име.
Инаку, вчера на социјалните мрежи се објавија информации и фотографии како преку ноќ ја снемало новогодишната елка во центарот на Градот. Според пишувањта на граѓаните и нивните шеги околу настанатата ситуација можеше да се прочитаат и коментари дека фирмата која е одговорна за украсување на градот по расправија и несогласување поради неплатен долг кон нив од страна на градските власти, таа ја отстранила новогодишната елка и сите украсни декорации во центарот на градот.
Извор: Слободен Печат
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Трамп: Ќе ја стигнеме Кина во производството…
Претседателот Доналд Трамп изјави дека Соединетите Американски…
Граѓанските здруженија ги бојкотираа: Шукова држеше говор…
Сериозна превенција на родово базираното насилство, одговорност…
САД подготвуваат тест на интерконтинентална ракета среде…
Американските воздухопловни сили планираат пробно лансирање на…
Епидемијата на ебола во Конго е надвор…
Епидемијата на ебола на истокот од Демократска…
Вучиќ до Студентската листа: Ужасно ми е…
Претседателот на пратеничката група „Александар Вучиќ –…