(Фото) Ракометарите со порака: За кого – ЗА МАКЕДОНИЈА!

t

Македонската машка ракометна репрезентација широко ги отвори портите кон пласман на ново големо натпреварување, овој пат на Европското првенство 2024 година.

Во Ван, Кирил Лазаров и неговите избраници ја совладаа Турција со убедливи 27-36, сега имаат четири бода по само две квалификациски кола во својата група, против Португалија би требало да се борат за првото место на табелата. Младите момци заедно со неколкуте искусни имиња покажаа дека ракометот долго време ќе биде број еден спорт во Македонија. Обезбедено е СП 2023 година, а веќе е јасно дека нашата земја ќе игра и на ЕП 2024 година.

Од Ван пристигна и фотографија – за кого, за Македонија. Нашите момци секогаш играат со срце за својата татковина.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Телма: По неколкучасовен мрак, УКИМ доби струја,…

Дел од факултетите при Универзитетот „Св. Кирил…

Не е ни приближно бројката која ја…

Во Македонија лани дошле 805 луѓе од…

„Дефект“ на подморски кабел во Персискиот Залив…

Дел од корисниците во Пакистан може да…

АХВ: Досега заловивме 96 говеда во Крива…

Бидејќи државата се уште нема одговор како…

Бактерија отпорна на антибиотици се шири во…

Инфекциите на крвотокот предизвикани од бактеријата Klebsiella…