(Фото) Резил! МВР го украло новото лого на шестата управа – направила плагијат на индиска компанија наместо специјалниот дизајн оригинално креиран за Македонија

t

Единицата за заштита на посебни лица и предмети неодамна доби нов грб. Новиот грб е лав со македонско знаме, а на грбот и испишан е називот на македонски.

Претходното лого за разлика од новото е уникатно и дизајнирано специјално за таканаречеата шеста управа која пред се обезбедува ВИП личности, во суштина за вкусови не се разговара, но тука постои суштински проблем.

Суштината е дека нового лого на шестата управа е плагијат, односно едноставно копирано од интернет и е најобичен колаж од две фотографии.

Твитер профилот со никнејмот Сноп Гранчиња открива дека се работи за лого на некоја индиска компанија кое буквално е во целост ископирано и на него е залепено македонско знаме.

Да повториме дека старото лого со бувот и меџот беше специјално дизајнирано за потребите на овој елитен одред на македонската полиција. Симболиката во истото е огромна бидејќи бувот е животно кое ја претставува мудроста, а тој самиот е застанат над меч кој претставува физичка сила. Симболиката на старото лого беше дека умот секогаш ја поразува силата. Самиот пак слоган на шестата управа е „Секогаш будни“ што асоцира на бувот затоа што бувот е животно кое многу мал дел од денот поминува во спиење, а навечер стражари, набљудува и лови – додека лавовите поминуваат повеќе од 21 часа во денот спиејќи.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Млада битолчанка со остар предмет го нападнала…

Вчерашната вечер не се покажала како празнична…

Дали има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ…

„Да, бараме“ - вака потпретседателот на ДУИ,…

Шефот за надворешна политика на Бундестагот ја…

Претседателот на Комисијата за надворешни работи на…

Трајко Славески за лошите резултати на учениците:…

Во објава на социјалните мрежи, актуалниот гувернер…

Од сабота „Безбеден град“ и во Велес

„Безбеден град“ од сабота, 12 септември, почнува…