(Фото) САД го покажаа “најдоброто”: Ова е најновиот модерен носач на авиони

t

Најновиот и најнапредниот носач на авиони на американската морнарица, USS Gerald Ford, во вторникот замина од Норфолк, Вирџинија на своето прво патување. Една од првите задачи вклучува вежби со сојузниците во Северна Америка и Европа. USS Gerald Ford е првиот нов носач на авиони дизајниран по „повеќе од 40 години“. Изградбата на носачот официјално започна во ноември 2009 година.

Овој брод е првиот носач на авиони од класата Форд. Морнарицата започна со изградба на следните два носачи од класата Ford, USS Kennedy и USS Enterprise.

Овој носач на авиони има нова, напредна технологија. Бродот троши речиси три пати поголема количина на електрична енергија во споредба со носачите од класата Нимиц и користи електромагнетен систем за лансирање на авиони наречен ЕМАЛС.

Системот ЕМАЛС користи електрична енергија за лансирање на авиони од брод наместо претходниот систем за катапулт со пареа. Системот прави помалку оптоварување на авионите и ќе овозможи помалку време помеѓу лансирањето, рече претставник на морнарицата, според Си-Ен-Ен.

Носачот на авиони има и многу понапреден радарски систем. Како што најавија од американската морнарица, овој носач на авиони ќе оперира првенствено во Атлантскиот Океан и Средоземното Море, барем во следните неколку месеци.

ЛИНК од објавата на Фејсбук

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео)  Јакимовски: Враќање на достоинството на македонскиот…

Како претседател ќе се залагам за јакнење…

Кинескиот премиер: Америка и Кина треба да…

Кинескиот премиер Ли Џианг за време на…

Киев бара поддршка од Трамп: Тој треба…

Првиот човек на кабинетот на украинскиот претседател…

Помошта за Украина ќе причека: Американскиот Конгрес…

Гласањето во американскиот Конгрес за помош за…

(Видео) Трамп: Лично ќе го предупредев Путин…

Поранешниот американски претседател Доналд Трамп изјави дека…