(Фото) Се исполнува децениско барање на скопјани: Започна реконструкцијата на улицата “Радишанска”
Денес започнавме со реконструкцијата на улицата „Радишанска“ која е дел од проектот „Скопје без заборавени населби“ од програмата „За Модерно Скопје“. Реконструкцијата на оваа важна сообраќајница под надлежност на Град Скопје е исполнување на уште едно децениско барање на граѓаните, објави на Фејсбук градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Со исполнување на ветувањето за реконструкција на една од најважните сообраќајници под надлежност на Град Скопје во општината Бутел, улицата „Радишанска“ се обновува во должина од 1.100 метри, со што се овозможува зголемена сигурност и безбедност на учесниците во сообраќајот.


Го реконструираме коловозот на улицата на површина од 7.363 м2, рабниците и тротоарите, а граѓаните од овој дел на градот, ќе добијат соодветно партерно уредување и реконструкција на последната автобуска постојка на линијата број 57.


ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Скопје го одбележува Денот на ослободувањето –…
Скопје денеска го одбележува 13 Ноември, Денот…
(ФОТО) Пелени, влошки, па дури и јамболии…
Влажни марамчиња, пелени, хигиенски влошки, па дури…
Искршени плочи на гробишта во Скопје по…
По Задушница, скопјанец пријавил оштетување на гробно…
По пет години пауза, од 1 април…
Македонските патници од 1 април 2027 година…
Авион што летал од Германија за Турција…
Авион на турската авиокомпанија „SunExpress“, кој леташе…