(Фото) Се тестира најголемиот автономен електричен товарен авион

t

Технологијата на целосно самоуправувачки возила и превозни средства напредува, па и беспилотните летала веќе се користат за различни цели. А, сега е претставен и најголемиот автономен електричен товарен авион досега.

Станува збор за авионот „Pelican Cargo“, произведен од компанијата „Pyka”, со средиште во Калифорнија (САД). Се работи за нова компанија со нагласка на технологијата за самоуправувачки превоз и пренос, која во 2020 година произведе и авион за прскање пестициди наречен „Pelican Sprayer”.

– Го дизајниравме овој авион и со цел отстранување на испуштањата ЦО2 од логистичкиот синџир, притоа нудејќи значително поголема брзина во споредба со копнениот превоз, додека оперативните трошоци се дел од конвенционалниот воздушен превоз, изјави Мајкл Норсија, извршен директор и со-основач на „Pyka”.

„Pelican Cargo“ може да лета 321 километар со товар до 180 килограми. Користи литиум-јонска батерија од 50 киловат-часови, може да достигне брзина меѓу 148 и 167 км/ч., а има четири електромотори од 33,5 коњски сили, а има и резервна енергија.

Авионот е долг 7,3 метри и висок 2,1 метар, а распонот на крилата му е 11,5 метри. „Pelican Cargo“ е опремен со шест процесори сместени во два посебни компјутери, што може да обработат милиони податоци собрани со радарот „Лидар“, ласери свртени надолу и носачи на податоци. Леталото е оспособено за додатна инерција, и динамично пренасочување преку сателитска врска. Има и резервен падобрански систем и користи најсовремена 3-Д воздушно мапирање и препознавање пречки на пистата.

Новиот модел на авион е во фаза на тест во фабрика во Калифорнија. Првиот комерцијален лет се очекува во втората половина на оваа година.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Потребни се средства за лекување на Сашо…

Драги читатели, Сашо Лазаровски боледува од белодробен…

МВР: Нема повредени во пукањето во Тетово

Ниту едно лице не е повредено во…

ВРИЕ ОД ПОЛИЦИЈА: АТЕНТАТ ВО ТЕТОВО!

Вечерва имаше пукање во Тетово, а полицијата…

Шокантна вест: Ненадејно почина селекторот на младата…

Селекторот на македонската фудбалска репрезентација до 17…

Тошковски тврдеше дека Салиу нападнал полицаец, но…

Иако министерот за внатрешни работи Панче Тошковски…