(Фото) Сите им се смеат: Шверцери со фотошопирани слики лажат дека се во Бугарија
Групата фанови на Шкупи, популарните „Шверцери“, денеска се цел на потсмевање во европскиот навивачки свет, откако на еден од најпознатата страница на Фејсбук на ултрасите ширум светот („Hooligans.sz“) беа објавени фотошопирани фотографии на навивачи на македонскиот тим, кои денеска и покрај забраната отпатувале за Бугарија.
Но, чаирчани биле откриени дека фалењето дека се среде Софија со приложување фотка од кафуле, всушност била стара слика направена во Пловдив и редактирана за да изгледа како да е од бугарската престолнина. „Уловена“ е и лага со уште една фотографија, која наводно денеска е направена на врвот Мусала на планината Рила.
„Сликата е дури и лошо фотошопирана, особено временските услови. На објавената фотка од навивачите на Шкупи се гледа облачно време во позадина, иако денеска ‘пука’ сонце од сите страни“, наведуваат луѓето од форумот на ултрасите.
Причина за ваквото покажување храброст, макар и со фотошопирани фотки на социјалните мрежи, е забраната која Бугарите ја изрекоа за доаѓање навивачи на Шкупи во Софија, по големите инциденти што се случија пред, за време и по првиот дуел од Конференциската лига во Скопје, а во кои со нож беше прободен навивач на Левски. Уште повеќе, на вечерашниот реванш на стадионот „Георги Аспарухов“ (21 часот) е забранет влез за било кој граѓанин на Македонија, без разлика дали е следбеник на чаирчани.
https://www.facebook.com/hoolscz/posts/665401522287665?ref=embed_post
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…