(Фото) Скандалозна порака на Бугарите: “Како Македонецот ќе стане човек? Кротко, со благо и со малку ќотек”

t

Докажаниот антимакедонист, поточно кажано македономрзец Виктор Стојанов на Фејсбук гордо спорели фотографија од навиачи на фудбалскиот клуб Левски, чии навивачи имаат скандалозна порака до македонскиот народ.

“Како Македонецот ќе стане човек? Кротко, со благо и со малку ќотек” – пишува на нивниот транспарент.

Ова не е првпат ниту од Бугари во Бугарија, ниту од таканаречените македонски бугари, претхорно Петар Колев во настап на бугарска телевизија кажа дека Македонецот бил брат на Буагринот ама секој добар брат можел да го натепа помалото братче со два-три шамари за да го воспита.

Постапката на клубот е едно, меѓутоа објавата на Сотјанов на Фејсбук е нешто сосем друго, за кое мерки може да преземе македонско јавно обвинителство поради тоа што неговата содржина претставува ширење на расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем, согласно челенот 394-г од Кривичниот законик на Република Македонија.

Бугарскиот европратеник Џамбаски утрово се жалеше на резултатите на анкетата на Евротинк која покажува дека Македонците за најголем непријател на Макеоднија ја сметаат Бугарија. Според него тоа е резултат на долгогодишно предизвикување на етничка омраза кон Бугарите. Можеби европратеникот и сличните на него треба да се запрашаат кој шири омраза, Македонија или Бугарија и дали Макеоднците без причина неколку години по ред ќе ја посочуваат токму Бугарија како најголем непријател.

Воедно апелираме ОЈО да ја истражи ситуацијата и да постапи согласно надлежностите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во јули 367 одобренија за градење, предвидени…

Во јули годинава се издадени 367 одобренија…

Пендаровски: Независноста не ни е подарена туку…

Со честитка по повод Денот на независноста…

Орхан Муртезани стапи на функцијата во НАТО,…

Новиот македонски амбасадор во НАТО, поранешниот министер…

Мицкоски: Растот на индустриското производство од 3,4…

Растот на индустриското производство во вториот квартал…

По спорот за химната, Македонците од Пустец…

До редакцијата на Национал пристигна реакција од…