(Фото) Сопственичката си го барала избеганото куче, тоа било пронајдено во сала како го следи натпреварот на Партизан

t

Неодамна едно куче побегнало од дома и завршило на концерт на Металика, а сега во слична ситуација се нашол и еден домашен миленик во Србија.

Сепак, ова куче не побегнало за да „отиде“ на концерт, туку на спортски натпревар. Кучето по име Чичак побегнало од дома, а неговата сопственичка цел ден го барала. Се утврдило дека тоа влегло на кошаркарскиот натпревар помеѓу Партизан и Панатинаикос.

„Можеби една од најубавите приказни деновиве. Кучето исчезнува веќе 24 часа, сопственичката го бара, а потоа синоќа е забележано во Арената. Чичак влегол во Арената и „навивал“ за Партизан. Со надеж дека е пронајден и дека е во својот дом, се надевам дека Чичак ќе добие некоја „награда“ од Партизан?“, напишал новинарот Драган Гулиќ на „Х“, кој објави и неколку фотографии.

Не е познато како кучето го поминало обезбедувањето и како стигнало до трибините, но било снимено меѓу луѓето како гледа на теренот. Сопственичката ги видела фотографиите кои биле објавени на социјалните мрежи и веднаш отишла на стадионот. Но, вработените ѝ рекле дека нема шанси тој да е фотографиран таа вечер бидејќи обезбедувањето внимателно си ја вршело работата.

Сепак, се чини дека Чичак нашол начин како да им се „протне“. По натпреварот тој среќно бил вратен дома.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шкотските навивачи со донација за децата фудбалери…

Фудбалскиот клуб „Фудбал Старс“ од Кочани доби…

Словачките лекари му забранија на Фицо да…

Информативната служба на словачкиот премиер Роберт Фицо…

Во Мадрид 70.000 луѓе протестираа поради кризата…

Протестите поради кризата со домувањето во Шпанија…

Доминација на македонскиот тенисер Алексовски на турнирот…

Младиот македонски тенисер Марко Алексовски (15 години)…

Во Скопје утре изменет сообраќаен режим поради…

Дел од улиците и булеварите во Скопје…