(Фото) Социјалните мрежи вријат – Мицкоски изгуби илјадници гласови, зошто сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за амнестија на уставобранителите?

t

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ и раководството на партијата на чело со Христијан Мицкоски го навлече гневот на јавноста кој оправдано е голем, откако осум пратеници од коалицијата која ја предводи ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за амнестија на уставобранителите.

Иако официјално дадоа поддршка за Законот за амнестија дури осум пратеници на опозициската ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за законот меѓу кои и потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски.

Меѓу пратениците на ВМРО-ДПМНЕ кои не гласаа за амнестија на уставобранителите се и пратеничките Олга Лозанковска, Иванка Василевска, Силвана Ангелевска, Mирче Аџиоски и Иван Стоилковиќ. Колку за информација, Мирче Аџиоски и Олга Лозаноска се дел од пратениците кои земаат најголеми патни трошоци во Собранието.

Во продолжение реакциите на јавноста:

Членот на Президиумот на Левица кратко искоментира: Толку и се доволни за бугаризација на Уставот.

– Еден висок функционер еднаш во неверување ми кажа дека Николовски му се јавил за да местат утакмица во корист на албански клуб.

Тогаш бев онака… разочаран кој сѐ е во политика. Ама вчера, кога Николовски играше во утакмицата и ги намести Македонците да играат сами против себе, против уставобранителите, свесен сум дека ДПМНЕ е ништо освен продолжена рака на калето.

#НационаленСрам

Денот кога ќе дојдат уставни измени на гласање во Собрание, пак Николовски ќе ја координира предавничката група на 8 пратеници што ќе дадат амин за планот на СДС и калето? – пишува на Фејсбук Круме Богевски.

– ДПМНЕ наредни парламентарни треба да бараат 72 пратеника за власт:

8 за Калето

61 за да има кој да гласа одлуки на ДУИ

3 од карти за секој случај, вели Бранко Ристов.

– Каде се ”патриотите” од Дпмне да се дигнат против раководството на партијата?

Па ги нема,никогаш не ни биле тие патриоти они си се тендер-патриоти.

Следни избори потоп ќе ви се деси заедно со другарчињата од Сдс!

Мамето ваше предавничко!

#СлободаЗаУставобранителите

#NoPasaran

СЛОБОДА ЗА МАКЕДОНИЈА! – напиша Христијан Шопчев.

– Фото: Христијан Мицкоски (претседател на ДПМНЕ) и Александар Николовски (потпретседател на ДПМНЕ) на протести за ослободување на уставобранителите! – Април 2021 година.

– Да! Претседателот на кој 8 (осум) пратеници не му гласаа за амнестија на уставобранителите!

– Да! Потпретседателот кој и самиот не гласаше за амнестија на уставобранителите!

p.s. Чисто ме интересира, како дечкиве сега можат на членството, на оние од кои бараа легитимитет и на оние од кои добија поддршка на протестот (и тоа во ера на Ковид) да им погледнат во очи?

#Амбасадократија – Александар Симонов.

За амнестија на уставобранителите гласаа и пратениците Павле Трајанов претседател на Демократскиот Сојуз и Љупчо Балковски од ВМРО-Народна.

За гласаа и двајцата пратеници на Левица, Димитар Апасиев и Борислав Крмов.

Од која причина сите пратеници на ВМРО-ДПМНЕ не гласаа за слобода на уставобранителите иако го поддржаа и тие го поднесоа законот останува непознато.

Се поставува дилемата дали овие пратеници се оние проевропски пратеници кои се спремни да гласаат за уставни, а за кои во неколку наврати говорат високи претставници на власта.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ играат опасна игра…

СДСМ утрово соопшти дека го прифаќа исходот…

Битиќи: На 8 мај сите прогресивни сили…

„Сите прогресивни сили ќе гласаат против ксенофобијата…

„Нема плата ако не гласаш за ВМРО“:…

Функционери на ВМРО-ДПМНЕ во Македонска Каменица му…

(Фото+видео) Мицкоски на средба со бугарски мафијаш:…

QUO VADIS Мицкоски? (Или „Каде одиш Мицкоски“…

Ахмети: За грешките на Мицкоски сметката не…

Претседателот на ДУИ, Али Ахмети вечерва во…