(Фото) СРАМ голем: Еве како Виетнам произведува ориз – Во Македонија има почва за канабис, ама нема за пченка и сончоглед

t

Професорката по уставно право Тања Каракамишева на нејзиниот твитер профил објави фотографија од полиња во Виетнам кои се наоѓаат во планински предел но се прилагодени за одгледување на земјоделски култури.

“Искористено земјиште во Виетнам за одгледување на ориз vs златна почва и сонце во Македонија што остануваат необработени за да може да се прехраниме како нација. Има земја за канабис, нема за сончоглед, пченица, шеќерна репка? Срам голем!” – напиша Каракамишева на Твитер.

Македонија се соочува со недостиг од жито, пченица и сончогледово масло поради намалено производство на овие култури.

Деканот на земјоделскиот факултет при УГД ШТИП, Љупчо Михајлов, за сител вели дека Македонија моментално е целосно зависна од увоз на сончогледово масло, а сами произведуваме најмногу до 10% од нашите домашни потреби.

Министерите за економија, финансии и земјоделие најавија мерки кои ќе ги преземе Владата за зголемување на производството на овие култури.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Детали за договорот меѓу Русија и Виетнам:…

Русија и Виетнам се договорија да не…

Виетнамска милијардерка осудена на смрт поради незаконски…

Виетнамската милијардерка Труонг Ми Лан, која беше…

Имаме па ќе даваме на други: Укината…

Владата на денешната 87. седница донесе одлука…

Цената на пченицата трипати пониска од брашното…

И кога нема доволно, откупната цената на…

Нагло порасна цената на пченицата откако Русите…

Цената на пченицата нагло порасна во понеделникот,…