(Фото) Средба на архиепископот Стефан со американската амбасадорка Агелер

t

Поглаварот на МПЦ-ОА, архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан денеска во Архиепископската резиденција ја прими новата американска амбасадорка во земјава Анџела Агелер, придружувана од претставници од Одделот за политички прашања во Амбасадата на САД во Скопје.

-Неговото Блаженство ја запозна амбасадорката Агелер, со духовниот живот и актуелностите на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија во татковината и меѓу иселените Македонци по светот и посакувајќи ѝ успешна дипломатска мисија, изрази надеж дека за време на нејзиниот мандат дополнително ќе се продлабочат пријателските и културните врски помеѓу нашите народи и земји, соопштија од МПЦ-ОА.

На средбата, којашто, како што се наведува во соопштението, поминала во срдечна атмосфера, присуствуваа и епископот хераклејски г. Климент и деканот на Богословскиот факултет „Св. Климент Охридски”, проф. д-р Ѓоко Ѓорѓевски. (МИА)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Бесплатен интернет на 72 локации во 64…

Вкупно 72 локации во 64 општини низ…

Кристи Мекормик е предложена за нова амбасадорка…

Претседателот на САД – Доналд Трамп ја…

ЕУ ќе воспостави присуство на својата воена…

Советот на Европската Унија одлучи да воспостави…

Син ја нападнал мајка си во тетовско

24-годишно момче е приведено во Тетово откако неговата…

15.000 потписи за електронски алки за насилниците…

Петнаесет илјади граѓани за помалку од три…