(Фото) Стана главна ѕвезда: Зеленски ќе има обраќање пред Конгресот на САД во среда
Зеленски ќе се обрати на седница на Конгресот на САД во среда, виртуелно.
Претседателката на Претставничкиот дом Ненси Пелоси и лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер во понеделникот објавија дека украинскиот претседател Владимир Зеленски ќе се обрати во Конгресот онлајн во среда.
Заедничката изјава на Пелоси и Шумер ја повтори „непоколебливата“ намера на Конгресот „да ја осакати и изолира руската економија“ и да обезбеди безбедносна и економска поддршка на Киев.
Минатата недела Конгресот усвои огромен буџетски нацрт-закон кој вклучува 13,6 милијарди долари помош за Украина – двојно повеќе од она што Белата куќа првично бараше.
Погледнете ја најавата на Конгресот за обраќањето на Зеленски во продолжение:

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Амбасадорката на САД, Никол Варнс во посета…
Општина Делчево денеска беше домаќин на амбасадорката…
Администрацијата на Трамп ја одложи испораката на…
Администрацијата на Трамп не го одобри трансферот…
САД испратија аларм за опасност низ Блискиот…
Американските амбасади низ Блискиот Исток во понеделникот…
Маск најави акции од „Спејс-екс“ за секое…
„Спејс-Екс“ (SpaceX) на Илон Маск и технолошката…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…