(Фото) Старо-Нова Македонија: Од урнатини до симбол на солидарност – 63 години од скопскиот земјотрес

t

Во раните утрински часови на 26 јули 1963 година, градот Скопје бил погоден од катастрофален земјотрес кој засекогаш го променил ликот на градот. За само неколку секунди исчезнале цели улици, домови и препознатливи градски обележја, а илјадници семејства останале без покрив над главата. Во чест на 63-годишнината од катастрофалниот земјотрес, во рамки на рубриката „Старо – Нова Македонија“ се навраќаме на еден од најтешките, но и највпечатливите моменти во историјата на градот. Преку архивските страници на „Нова Македонија“ и сведоштвата од тоа време, потсетуваме на трагедијата што однесе човечки животи и разурна илјадници домови, но и на солидарноста што го претвори Скопје во симбол на светската хуманост.

Toa што следувало по катастрофата било нешто што засекогаш ќе го впише Скопје на светската мапа – невидена човечка солидарност. Од сите страни почнале да пристигнуваат пораки на поддршка, спасувачки екипи, хуманитарна помош и луѓе подготвени да помогнат градот повторно да застане на нозе. Истовремено, илјадници млади од цела Југославија се организирале во доброволни работни бригади. Само неколку дена по земјотресот веќе биле подготвени акции за расчистување на урнатините и за изградба на новото Скопје.

Меѓу највпечатливите текстови објавени во тие денови е текстот „Да, да се биде“ од Славко Јаневски – еден од најзначајните македонски писатели, поет, сценарист и автор на првиот роман на современ македонски јазик, објавена на страниците на весникот „Нова Македонија“. Наместо да пишува за крајот на еден град, Јаневски пишува за неговото повторно раѓање. За Скопје кое ќе стане симбол на човечката солидарност, за град што не им припаѓа само на своите жители, туку на целиот свет.

„Градот е побогат за болка и повисок за достоинство: поразот на мигот е, всушност, трајност на победата, зашто тој, градот, знае дека е граѓанин на светот и дека ќе расне сега од крвта на сета своја земја, на сето човештво, станувајќи исконска доба на утрешнината.“

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

„Барбов, Филипче и Заев дополнително се зеплеткаа…

„Сакајќи да се извлечат од случајот со…

Трамп: Зеленски не е вистинската личност, со…

Претседателот на САД, Доналд Трамп обновените украински…

Мицкоски: Можно е решение со Софија, но…

Можно е да се постигне договор со…

Интернет користат 93,7 проценти од граѓаните на…

Во првото тримесечје од 2026 година, 93,7…

Деветнаесет години од загинувањето на Тоше Проески

Македонија и Балканот се сеќаваат на Тоше…