(Фото) Столе џентлменски прифаќа шеги: Линекс во Битола, за вирусот да му пројде!
Доскорешниот македонски репрезентативец Столе Стоилов најдобро од сите го знае ривалството меѓу Вардар и Еурофарм Пелистер. Поради отсуство на неколку играчи поради вирус, тој беше приморан да се активира на дербито во Битола, па пак доби уникатен подарок.
Пиво, колбаси и уште многу други подароци добиваше Столе Стоилов од „Чкембарите“ во Битола, а и овој пат доби уште еден уникатен подарок заради барањето на Вардар за одложување на дербито поради играчи со вирус.
Од трибината во Битола, на човекот кој е поранешен капитен на Вардар, а сегашен член на стручниот штаб (на дербито и активен играч), му беше подарено пакетче „Линекс“, како шега, за да закрепне побрзо ако и тој има вирус.
Столе џентлменски ја прифати шегата со насмевка, а исто прифати и фотографија со навивачот на пелистерци за спомен.
Извор: gol.mk
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Филков: Уставот и законите налагаат правосудниот испит…
ЗНАМ не отстапува од својот став околу…
Полскиот претседател Навроцки ќе ги одликува двајцата…
Полскиот претседател Карол Навроцки планира со државни…
Терористот од Краков почина во болница
Михал Оксински, кој уби шест лица во…
Трамп пред средбата во Абу Даби: Договорот…
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека страните…
Денес се празнува Светиот маченик Нестор
Во времето на страдањето на Св. Димитриј…