(Фото) Страшни сцени: Еден хеликоптер и два авиони ги гасат пожарите во Македонски Брод и кичевско

t

Денеска, Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира, согласно сублимираните информации од терен за справувањето со пожарите во Македонија, невообичаени за овој период на годината. Еден хеликоптер на Министерството за внатрешни работи (МВР) и два авиона на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) беа голема поддршка на копнената акција во гаснење пожари на непристапни места: хеликоптерот кај Македонски Брод, а двата авиона во Кичевско.

Практично, со голем ангажман на сите ангажирани сили за гаснење на пожарите на отворено, во координација на ЦУК, беше спречено огнот да не навлезе во неколку села. Конкретно, со пожтртвуваноста на ангажираните пожарникари, месното население, вклучените субјекти од Системот за управување со кризи, ДЗС, а и други организации, во координацијата преку ЦУК, согласно барањата на силите на терен беше спречено огнот да не навлезе во неколку села во Кичевско и реонот на Македонски Брод.


ЦУК – Вонреден извештај од РЦУК Македонски Брод во 15.00 часот
Пожарот што започна на ден 30.10.2022 година во 10:00 часот во атар на с.Ореовец м.в. Присој во Општина Македонски Брод, се уште е активен и истиот е префрлен во атар на с.Русјаци и с.Ижишта.
Зафатено е ниско деградирана дабова шума и лисната постела.


Во гасење на пожарот денесka интервенираат 4 лица од ЈП „Македонски шуми“ подружница „Сандански“ и 4 пожарникари со 1 теренско возило од Територјална противпожарна единица ТППЕ Македонски Брод. Пожарникарите од ТППЕ М. Брод моментално интервенираат над селото Ижишта правеќи безбедносни појаси за пожарот да не се префрли во погустата шума на с.Ижишта.
Екипата од „Македонски шуми“ е распоредена во атарот на с.Ореовец над Манастирот Св. Архангел Михаил. Во гаснењето е вклучен еден хеликоптер на МВР. Од лицата кои што се на терен сме известени дека пожарот е многу повисоко на самиот срт на планината каде што гори претежно сува трева и дека не постои можност да се врати на кај селата Ореовец, Русјаци и Ижишта.


Заради одалеченоста за полнење со вода на противпожарното ведро на хеликоптерот во текот на денот се излезе на терен место-локација за монтирање на базен со што е овозможено ниско слетување на хеликоптерот за полнење за вода од монтажниот базен.
Регионалниот Центар за управување со кризи РЦУК Македонски Брод е во постојан контакт и координација со ЕЛС М. Брод, ТППЕ М. Брод.

ЦУК – Вонреден извештај од РЦУК Кичево во 15.00 часот

Најновите информации за активните пожари на подрачјето на Општина Кичево се:

  • Пожарот над селото Тајмиште е се уште активен и во моментот на терен се 4 вработени од подружницата на ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ со соодветна опрема.
  • Од 11:50 часот 2 авиона на ДЗС со 12 налети интервенираат на овој пожар за да не се прошрува североисточно кон планинскиот превој „Стража“.
    Линијата на пожарот е драстично намалена.
    Во моментов авионите се повлечени во базата во Скопје поради смена на пилотите. Исто така, на терен се и 3 вработени од ДЗС – Кичево кои ја следат состојбата и интервенираат.
    Во моментот на праќање на информацијата, мешана екипа од 20 лица од ШС Лопушник и и локално население од село Бачишта се уште интервенираат.
    Од ЈП „Национални шуми“ подружница „Лопушник“ не информираат дека од едната страна има голем пристапен пат и пожарот не може да се шири, слегува до реката каде што има хидроцентрали и тука исто така се запира неговото ширење. Лицата кои интервенираат за гасење на овој пожар се концентрирани на делот од пожарот кој полека се движи кон селото и едно бачило. Останува да се изгаснат старите жаришта за да не се обнови и да се спречи ширење кон селото и бачилото.
    Има зафатено букови дрва и нискостеблести растенија.
    На овој предел, Кичевско, имаме информација дека авионите не можеле да интервенираат.
    Се уште пожарите не се ставени под контрола, но е намален нивниот интензитет, а сега се работи на нивно локализирање.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Жена нападнала скопјанец во Кичево, а потоа…

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе…

ЦУК: 22 пожари на отворено во последното…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…

ЦУК: 2 085 повици на 112, а…

ЦУК: 2 085 повици на 112, а…

Отворен ден на Армијата во Кичево

Министерството за одбрана и Армијата на Република…

ЦУК: Вкупно 10 пожари на отворено во…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира…