Објавено на:

(Фото) Теа Таировиќ се јави со порака на Инстаграм од Скопје: Еве ме, заморена, но пресреќна

t

Без никакви забрани и строги рестриктивни мерки, граѓаните на Македонија, Новогодишната ноќ ја минаа и на плоштадите, но и во кафулињата и рестораните.

Најдобрите журки биле во Rooftop Story, Рагуза 360, во Дистрикт Бар во Мериот, во Егоист во Охрид, а атмосферата ја направиле незаборавна, Теа Таировиќ и Балкан Бенд, Жаре Бербер и Галама 18 Плус Бенд, Нина Јанева & The Crew, како и Боби Павловски.

Балканската ѕвезда Теа Таировиќ се огласи на својот Инстаграм профил:

– Еве ме, заморена после концертот, но пресреќна, Скопје, ти благодарам! (И Виница секако). Сакам на сите да им ја честитам новата 2022 година, да ви посакам многу здравје, добра волја и памет (а потоа небото е вашата граница).

Ви благодарам за се што ми дадовте во 2021 година, што за мене беше почеток на остарување на сето она за кое што работев напорно. И вие учествувавте во тоа со вашата енергија, љубов, прегратки, поддршка, без вас ништо не би било возможно.

Во тој поглед, остварете ги вашите соништа, живејте исклучиво како што сакате, сами поставете ги правилата и не дозволувајте некој да ви каже дека не можете да направите нешто. 

Ве сакам многу и едвај чекам да го споделам со вас новиот албум на кој напорно работам.

Засекогаш Ваша Теа 

.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

На 18 Февруари ќе има смеење: Во…

На 18 февруари, во „МКЦ клуб ресторан“,…

Ријана е бремена: Со кого го очекува…

Ријана го чека првото дете со своето…

Таировиќ се правда за срамната навреда кон…

Турбо фолк пејачката Теа Таировиќ, која е…

(Фото) Теа Таировиќ се јави со порака…

Без никакви забрани и строги рестриктивни мерки,…