(Фото) Тешка сообраќајка во Кисела Вода: Автомобил удри во автобус, возачот тешко повреден

t

Возач е тешко повреден во сообраќајна несреќа која синоќа се случила на улицата „Христо Татарчев“ во Кисела Вода.

Случајот во МВР е пријавен во 23 часот.

-Се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Пежо“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.М.(50) од Скопје и автобус „Ман“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.Ј.(57) од Скопје. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил Н.М., констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“, велат од МВР.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.

Според пишувањата на дел од медиумите, неофицијално возачот на автомобилот бил во алкохолизирана состојба и преминал на спротивната лента од коловозот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Северна Кореја предупреди на „уништувачки“ нуклеарен одговор

Вашингтон и Сеул се подготвуваат за војна,…

НАЈНОВА ВЕСТ! Барак Обама го пушта Џо…

Најголемиот идеолог на демократите и бивш претседател…

Неколку градови во Македонија денеска се абнормално…

Неколку градови во Македонија денеска се абнормално…

Избори Србија: Излезноста до 18 часот е…

Миладин Ковачевиќ, директор на Републичкиот завод за…

Груевски ја нарече власта на СДСМ дрва…

КОГА ДРВЦА САДАТ ДРВЦА Каква траги-комедија се…