(Фото) ТОРТА СО ЧЕРЕП ПРЕД РУСКАТА АМБАСАДА ВО БЕЛГРАД: Полицијата го сопре ,,перформансот”

t

Ја донесовме оваа торта бидејќи ова е единствениот подарок што треба да им се даде, изјави Стојковиќ.

Проукраински активисти се собраа денес на протест во Белград и се обидоа да постават торта со череп пред руската амбасада. Полицијата не им дозволи да го сторат тоа. Заедно со тортата активистите планирале да достават барање рускиот претседател Владимир Путин да сепредаде пред Меѓународниот суд на правдата во Хаг поради „геноцидот во Украина“. Барањето беше расфрлано по асфалтот.

Активистите ги предводел адвокатот Чедомир Стојковиќ од групата „Октобар“.

– Ја донесовме оваа торта бидејќи ова е единствениот подарок што треба да им се даде. Тоа е она што се случува во Украина, последица на нивната политика и агресија, а тоа ќе се случува сè повеќе и повеќе ако режимот во Москва не биде поразен – рече Стојковиќ пред полицискиот кордон, со уште десетина луѓе.

На улиците на Белград се собираат поддржувачи на двете завојувани страни, и украинските групи и здруженија, како и проруските движења.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Русија тестира вакцини против рак

Русија започна клиничко испитување на новата онковакцина…

Силно невреме со град го погоди Охрид

Околу 16 часот попладнево, силно невреме со…

Чупиќ нов тренер на Вардар

Прославениот хрватски ракометар Иван Чупиќ денеска е…

Путин откри што бара од Украина

Русија не бара капитулација на Украина, туку…

Не тргнувајте од Скопје кон Тетово –…

Поради тешка сообраќајна несреќа кај тетовското село…