(Фото) Уште една депониja во Кисела Вода е историја: Ѓорѓиевски, вели дека нема да толериpa зaгaдyвачите

t

Градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски се справи со уште една депонија во општината овој пат во населба Драчево.

Тој им порача на задувачите дека за нивното однесување ќе има нулта толеранција.

-Исчистена е огромна депонија во Драчево и уште 7 други во Стаклара, Усје и Кисела Вода.

Ние продолжуваме со отстранувањето на сите диви депонии во Кисела Вода, но истовремено силно апелирам до сите жители да ја почитуваат животната средина, затоа што загадувањето на средината во којашто сите живееме носи последици по здравјето пред сѐ за сите подеднакво, вклучително и за оние кои загадуваат.

Денес се чисти оваа огромна депонија на местото викано Аџево во Драчево на патот кон Китка која е црна точка на мапата на општината, а е создадена од несовесност и негрижа на жителите.
Ќе се работи цел ден, а ако има потреба и во текот на утрешниот ден сѐ до конечно расчистување на оваа депонија. Паралелно, во овие три дена се исчистија и седум други помали во населбите Стаклара, Усје и во Кисела Вода.

Во Стаклара го проширивме и патот каде што имаше наноси од поплавите и невремињата.
Покрај ова, се врши и машинско метење на повеќе улици во неколку урбани заедници со машини-метларки. Улиците ,,Козаров”, ,,Народни Херои”, ,,Антон Попов”, ,,Димо Хаџи Димов” и ,,Христо Татарчев” сега се целосно чисти.

Да бидеме одговорни кон нашата општина, животната средина и своето здравје, затоа што каква општина ќе создадеме – таква и ќе имаме.

Мојата мисија е чиста, модерна и зелена Кисела Вода и во таа намера нема да има толеранција.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Млад скопјанец повреден во парк во Драчево

На 31.03.2024 околу 22.35 часот во Полициската…

Претрес во Драчево, пронајдено оружје

Полициски службеници од СВР Скопје, Единица за…

Одлична вест: Водата за пиење во Скопје…

Водата во Скопје е безбедна и микробиолошки…

Дел од населбата 11 Октомври без вода

 Дел од корисниците од населбата 11 Октомври…

Патот во Драчево е полн со дупки…

Патот кој води до село Количани, делот…