(Фото) Уште рано утрово редици пред салата „Борис Трајковски“ – се чекаат ваучери за инвертер клима
Стотици граѓани чекаат во ред пред салата „Борис Трајковски“ во Скопје за да ги подигнат ваучерите за инвертери кои ги доделува Министерството за енергетика. Во останатите градови граѓаните ги подигаат ваучерите во Центрите за вработување, освен во Битола каде што процедурата се врши во спортската сала „Боро Чулевски“.
Ваучерите во салата „Борис Трајковски“, според соопштението на Министерството за енергетика, граѓаните можат да ги подигнат само денеска до 17 часот. Доколку не успеат во потфатот граѓаните ќе треба да отидат до просториите на Министерството за енергетика.
Ваучерите, според огласот, граѓаните ќе мора да ги искористат до 30 ноември, а инвертерите ќе треба да ги купат кај правни субјекти кои се на списокот на Министерството. После овој рок тие не важат.
Ваучери за инвертери добија 6.182 граѓани на огласот кој беше завршен на почетокот на годината.
За овој проект се обезбедени 4,1 милион евра.
Според јавниот оглас за субвенционирање на купување и вградување инвертер клима-уреди ранливите потрошувачи се доделуваат ваучери од 27.000 денари, за лицата со ниски примања – до 21.000 денари за самец, 30.000 денари за домаќинство со два члена, и 35.000 денари за домаќинство со три члена. За домаќинства со четири члена, предвиден е ваучер од 30.000 денари, а за домаќинства со пет или повеќе члена – 45.000 денари. Дополнително, за неранливи потрошувачи од Пелагонискиот и Југозападниот регион предвидени се ваучери од 25.000 денари, а за останатите региони – по 23.000 денари.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Нов опасен инцидент во Ормут: Непознат проектил…
Нов безбедносен инцидент е регистриран во Ормутскиот…
Сопругата на починатиот Игор Југ: Нема да…
На овој ден во 2017 година, во…
Приведен 71-годишник: Се заканувал и ја навредувал…
На 21.09.2026 во 01:10 часот во Велес,…
АИ: Акциите на бунтовниците од М23 во…
Меѓународната организација за заштита на човековите права…
Иран само во септември заработил повеќе од…
Приходите на Иран од продажба на нафта…