(Фото) Хаос во Грција: Со икони, крстови и темјан, Грците протестираат против новите биометриски лични карти
Со грчки знамиња, крстови, икони, темјан, но и со говори, стотици Грци, организирани преку социјалните мрежи, вечерва одржаа мирен протест во центарот на Атина против новите биометриски лични карти што ќе ги воведе грчката Влада, јави дописничката на МИА од Атина.
„Дигиталната лична карта е твојот дигитален затвор“; „Не за електронското ропство“ беа дел од слоганите на транспарентите на демонстрантите.

Насобраните порачаа дека нема да ги прифатат новите лични карти, а упатија и критики до Грчката православна црква затоа што, како што рекоа, не ги поддржала, а на протестот не дошол нити еден митрополит.
Меѓу присутните имаше голем број свештени лица, монаси и монахињи, но и припадници на нацистичката Златна зора, како и поддржували на радикални десничарски групи.
Минатата седмица ист протест се одржа и во Солун, а демонстрантите се организираа преку социјалните мрежи.
Реакциите против новите биометриски лични карти, започнаа во текот на летото, кога голем број граѓани во различни делови на Грција започнаа масовно да поднесуваат барања за обнова на постоечките лични карти, мислејќи дека така ќе избегнат вадење биометриски.
Откако Грција во јули добила уште едно предупредувачко писмо од ЕУ за неусогласување со европската регулативата, новите лични карти ќе почнат да се издаваат на 25 септември, а старите ќе престанат да важат на 3 август 2026 година.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Г.Г. Стефан поради болест ја откажа најавената…
Посетата на Архиепископот Охридски и Македонски беше…
Дата-центрите се новата нафта, вели Мицкоски
Како инженер и како човек сметам дека…
Мицкоски: За да ги заштитиме пензионерите, пензиите…
Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска одговарајќи…
Вештакот Марковски на судењето за „Пулс“: Објектот…
На денешното рочиште за пожарот во дискотеката…
Клековски: Се работи на решавање на дефектот…
Министерот за здравство Сашо Клековски во објава…