Објавено на:

(Фото) Хрватскиот и албанскиот претседател пречекани со знамето на Голема Албанија во Задар

t

Пречекот на хрватскиот претседател Зоран Милановиќ и неговиот албански колега Бајрам Бегај во Арбанас во Задар беше одбележан со веење на знамето “Голема Албанија”.

Скандалот најпрво избувна поради отсуството на водечки луѓе од градските и окружните власти, кои по секоја цена сакаа да го избегнат Милановиќ.

Потоа, во салата на манастирот на школските сестри на Францисканците во Арбанаси, во моментот на интонирање на албанската химна, неколку деца во албански народни носии го развиориле знамето на таканаречената голема Албанија.

На видеото се гледа и реакцијата на официјалниот преведувач кој им пришол на помладите припадници на албанското национално малцинство кои вееле знамиња и ги предупредувал да престанат, пренесува порталот „Задарски“.

Во разговорите меѓу претставниците на албанската амбасада во Загреб и Месниот одбор на Арбанаши, при договарањето на протоколарните детали за претседателската посета, се појави формулација според која Бегај е во посета на албанската дијаспора, но Локалниот одбор инсистираше на тоа дека Арбанашите не се ниту албанската дијаспора, ниту национално малцинство бидејќи национално се идентификувани како Хрвати. Во програмата на престојот на двајцата претседатели во Арбанаси беа вклучени и претставници на албанската национална заедница од Задар.

Заедно со ликовите на албанскиот политичар Исмаил Ќемали и воениот водач Иса Бољетини, на знамето има и карта на „Голема Албанија“ која ги вклучува териториите на неколку меѓународно признати соседни држави и натписот „Домородни“.

„За време на настанот не го видов тоа знаме. Го видов само во весници и портали. Веднаш да кажам дека во име на локалниот одбор и сите жители на Арбанас се оградувам од тој потег. Апсолутно нема врска со нас.На бината беа официјални знамињата на Хрватска и Албанија и тоа беше доволно.Изненаден сум што никој од обезбедувањето на претседателот не реагираше,испадна многу грдо.Тоа не беше точно. На приемот во програмата учествуваа и припадници на албанската национална заедница од Задар и мештаните, а ние сме Арбанаси и Хрвати, да го приметивме тоа знаме сами ќе го тргневме, не очекувавме дека некој може да се однесува така и го злоупотребуваат нашето гостопримство“, изјавил за „Задарски“ претседателот на локалниот одбор на Арбанаси, Звонимир Рогиќ, кој бил вклучен во организацијата, за доаѓањето на двајцата претседатели, пренесува РТ Балкан.

Дека не го видел спорното знаме, тврди и почесниот конзул на Албанија во Задар, Антон Дедај.

„Не знам од каде е тоа знаме. Знам дека беа поставени официјалните државни знамиња на Хрватска и Албанија, кои имаа свое место таму, но за другите знамиња не знам. Тоа беше непотребно“, вели Дедај. .

На приемот на Милановиќ и Бегај се појави и претседателот на градскиот совет на Задар, Марко Вучетиќ, кој смета дека тоа е културен, а не политички настан, но тврди и дека не го видел знамето на „Голема Албанија“.

„Да го видев знамето, сигурно ќе го напуштев настанот бидејќи по развиорувањето на знамето на „Голема Албанија“ треба да се прекине секоја официјална церемонија. Сепак, нема место за никакво изненадување кога земјите ќе ја напуштат вистинската историја и ќе паднат во националистички толкувања. Ќе има се повеќе и повеќе“, оценува Вучетиќ.

Милановиќ се уште не се огласил.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонската амбасада во Тирана објави телефонски броеви…

Пред почетокот на главната туристичка сезона во…

По Призрен, Али Ахмети прогласен за почесен…

Советот на општина Тирана на денешната седница…

Навала од странски работници во Хрватска! Се…

Во периодот јануари-март 2024 година, во ХЗМО…

Милановиќ: Хрватска е дното на ЕУ, само…

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ денес присуствувал…

Хрватската индустрија расте, прометот е зголемен за…

Вкупниот промет на хрватската индустрија во февруари…