(Фото) Цела Битола без вода за пиење поради дефект на главниот цевковод

t

Без вода за пиење утрово остана цела Битола и околните населби поради голем дефект на главниот цевковод на пумпната станица на ЈП Водовод. Директорот на претпријатието Андреј Гинов, потврди дека станува збор за сериозен проблем и вели дека екипите на јавното претпријатие од ноќеска се на терен за санација на дефектот, но неизвесно е кога во градот ќе се нормализира водоснабдувањето.

Имаше испад од електричната мрежа на затворач од потисниот цевковод на пумпната станица. Дојде до хидрауличен удар, кој поради старост на материјалот предизвика голема пукнатина на цевководот. Во овој период испумпуваме вода од акумулацијата „Стрежево“ до филтерница и така ги снабдуваме домаќинствата. Цела ноќ работиме на санирање на дефектот на цевководот, вели Андреј Гинов, директор на ЈП Водовод Битола.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Фон дер Лајен му се заблагодари…

Импресивен напредок во Планот за раст, претседателката…

Мицкоски пред Фон дер Лајен: Македонија ги…

Обраќање на премиерот Мицкоски на заедничката прес-конференција…

Нема скратување на боледувањата, а контролите нема…

Генералниот директор на Фондот за здравствено осигурување,…

Албански државјанин почина во Кичево – ќе…

МВР информира дека вчера во 19:40 часот…

Муцунски ја пречека Фон дер Лајен на…

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија…