(Фото) ЦРНИ ОБЛАЦИ НИ ДОАЃААТ ОД КОСОВО: Силно невреме му се заканува на Скопје, предупредува и ЦУК
Нестабилна облачна маса од територијата на Косово се префрла кон државава и се очекува во наредниот час да го зафати подрачјето на Скопската Котлина, особено нејзиниот источен дел, како и Кумановскиот регион, најавуваат од Центарот за управување со кризи (ЦУК).
Проследена е со електрични празнења, пороен дожд, силен ветер и можна појава на град.

Од Управата за хидрометеоролошки работи претходно известија дека поради насобраната голема енергија во атмосферата и благо зголемената влажност над нашето подрачје, во попладневните часови во северните делови ќе има услови за локално невреме со интензивен пороен дожд и електрични празнења, силен ветер (над 70 км/час) и појава на град.

Силно невреме проследено со град попладнево го зафати и Пробиштип и Куманово.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВМРО-ДПМНЕ: ЈО не смее да молчи за…
СДС свесно и со умисла создаваат хаос,…
Работна средба во Општина Делчево за проектирањето…
Во просториите на Општина Делчево се одржа…
Маж уапсен со оружје во близина на…
Американската Тајна служба уапси маж во близина…
Трамп: Русија и Украина за првпат се…
Американскиот претседател Доналд Трамп смета дека Русија…
Јотова и Радев криеле помилувања? Имињата се…
Во официјалниот регистар на помилувања што го…