ФОТО: Црни шорцеви на плажата Катерини ги подгреаа надежите за пронаоѓање на Мартин
Граѓанин на плажата Катерини вчера пронајде шорц заплеткан во алги, го фотографила но не го задржал, поради што спасувачите вчера го бараа подолго време но не го пронајдоа.
Потрагата по 31-годишниот Мартин Јовановски, на Халкидики се уште трае. Тој исчезна пред 13 дена од плажата Мити во Посеиди, додека неговите двајца пријатели Васил и Иван се спасени. Надежите за пронаоѓање на нови траги од момчето од Скопје ги подгреа вчерашното откривање на црн шорц, сличен на оној кој Мартин го носи на последната негова фотографија, направен на денот на исчезнувањето, 9 јули, во водите на Егејското море.
Граѓанин кога ги видел шорцевите, заплеткани меѓу алги на плажата Катерини направил само фотографија од нив, но не ги задржал за да се проверат, па спасувачите од ОФКАТХ вчерашниот ден го поминаа во потрага по изгубените шорцеви за капење, но не ги пронајдоа, зошто веројатно брановите ги одвлекле понатаму.
„Човекот ми ја испрати фотографијата со костим за капење меѓу алги, но за жал не ги задржал. Пристигнавме на самото место и со помош на спасувачкиот тим Пиерија – ДОП, кој ни го даде чамецот, ја пребаравме областа до делтата Аксиос, но залудно“, изјави Христор Рамос, шеф на спасувачката служба ОФКАТХ.

Конкретно, потрагата на спасувачите со чамецот била ориентирана кон Коринос, Пидна, Аликес Китроу до устието на Аксиос покрај морето, но никаков знак од Мартин не бил пронајден.
Но, оваа фотографија беше доволна семејството да верува дека е на Мартин. „Кога го видела мајката на 31-годишниот, рече дека личи на костимот за капење што го носел Мартин“, истакна шефот на ОФКАТХ.
Досегашната потрага по Мартин во која се вклучени освен грчките крајбрежни служби со спасувачи, бродови и дронови, на Халкидики се мобилизирани и македонски граѓани кои доброволно се вклучија во потрагата.
Досега сите потраги се неуспешни, но активни.
Шорцеви на плажата Катерини/Фото: OFKATH, Greece
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Британија има околу 940 албански затвореници: Трансферот…
Албанските државјани веќе седум години се најбројната…
Хрватска го проширува системот за рано откривање…
Системот за видео надзор за рано откривање…
Ѓорческа поразена на стартот од квалификациите на…
Македонската тенисерка Лина Ѓорческа не успеа да…
Барнам од Киев: Украина е првата линија…
Британскиот премиер Енди Барнам вети континуирана поддршка…
Муцунски – Саар: Потпишани билатерални документи за…
Во рамките на работната посета на Израел,…