(Фото) Чади кумановската депонија „Краста“
Чади депонијата „Краста“ кај кумановското село Пчиња. Екипите на „Чистота и Зеленило“ со поддршка на механизација и денеска ќе ја покриваат со земја, зафатениот дел од депонијата, соопштија денеска надлежните од претпријатието.
На депонијата вчера се забележуваше и пламен кој беше видлив од повисоките локации од Куманово. Зафатен е горниот дел од депонијата од платформата.
– Поради силниот ветер, вчера се запали градската депонија „Краста“, веднаш интервенираа екипите на ЈП, асистираа и пожарникарите од ТППЕ Куманово. За жал, водата не ја гаси депонијата, горат гасовите и потребно е санирање и нанесување количини на земја, изјави директорот на ЈП, Даниел Стојчевски.
Од претпријатието побарале и поддршка од приватни стопанственици кои располагаат со земја која ќе се употреби за санација.
– Околу 70 проценти од зафатеното подрачје е намалено горењето, остануваат уште 30 осто. Се надеваме дека во текот на денот ќе се санираат и останатите. Станува збор за ризичен предел, земјата е мека и ризична, изјави Стојчевски.
И лани, во два-три наврати чадеше депонијата и надлежните од „Чистота и Зеленило“ сметаа дека е човечки фактор. Случаите се пријавени и во полицијата. Сега надлежните сметаат дека силниот ветер е причина за зачадувањето на депонијата.
Ветерот турна и големо дрво во стариот градски парк, искршени се неколку гранки од повеќе локации. Екипите на „Чистота и Зеленило“ ги отстрануваат дрвјата и гранките. Од претпријатието велат дека работат на кастрење на гранки, отстранување на стари дрвја по насоки на стручна комисија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
30 дена кризна состојба во Крива Паланка:…
Градоначалникот на Општина Крива Паланка, Сашко Митовски,…
ГОЛЕМО НАМАЛУВАЊЕ НА ЦЕНИТЕ НА ГОРИВАТА НА…
Регулаторната комисија за енергетика донесе одлука за…
Песков се согласува со Трамп: Украина веќе…
Портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, ја коментираше…
Нафтата поевтини откако Трамп изјави дека се…
Цените на нафтата се намалија денеска откако…
Мицкоски: Владата ќе даде целосна поддршка на…
„Добар ден на сите, би сакал да…