Фото: Чистење и уредување на кејот на река Вардар
Екипи на ЈП Улици и патишта по налог на Град Скопје, изминатиов период активно работат на чистење на косините и коритото реката Вардар, како и на санацијата на постоечките елементи кои се оштетени, а се од големо значење за нормално функционирање на граѓаните.
Како дел од тековните активности на ЈП Улици и патишта се одвива рачното чистење со тримери на косините, односно косењето на обраснатата нискостеблеста вегетација, како и машинското чистење на покрупната вегетација и наталожен мил од коритото на реката. Во овој период чистењето се одвиваше во насока од железниот мост во населба Хром до пешачкиот мост во населба Злокуќани од двете страни, како и машинско расчистување на косините од коритото на реката Вардар од мостот во Хром до Систина.
Како дел од уредувањето на кејот извршени се повеќе санации, санирана е пешачката патека на насипот на Вардар каде наместа имаше оштетени бехатон плочи, санирана е дел од површината на пешачката патека на мостот „Обединети Нации“, санирани се скалилата кај мостот „Обединети Нации“, како и на оградата на мостот. Санирани се исто така и скалилата спроти Канал 5 ТВ, заштитната ограда на мостот на улица Васил Чакаларов, како и оградата на трибината на одбојкарското игралиште.
Екипите на ЈП Улици и патишта продолжуваат и во наредните денови по налог на Град Скопје да ги извршуваат активностите за рачно и машинско чистење и уредување на кејот на река Вардар.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
ВОЛСТРИТ ЏУРНАЛ: NVIDIA СЕ ПОДГОТВУВА ДА ГО…
Управниот одбор на американскиот технолошки гигант NVIDIA…
Мерц подготвен за разговор со Путин? Договорот…
Разговори меѓу германскиот канцелар Фридрих Мерц и…
АЛ-МАДА: САД ПОДГОТВЕНИ ДА ПРИФАТАТ ЧЕТИРИ ОД…
Соединетите Американски Држави наводно се подготвени да…
Охриѓанец исчезнал од семејниот дом, полицијата трага…
На 10.11.2026 година, во 17:00 часот, во…
Иран отвори прв воен камп за обука…
Иран го отвори својот прв воен камп…